Екипата на Барселона од почетокот на календарската година има постигнато дури 41 гол на 11 натпревари во сите натпреварувања и ова е најдобриот скор за овој период од 1943 година наваму. Тогаш Каталонците постигнале 42 гола во првите 11 натпревари во годината.
Барселона синоќа со 4-1 ја победи Севиља и остана на третото место на табелата, но само со два бода помалку од лидерот Реал Мадрид.
Инаку, гледано во целата сезона во сите натпреварувања, Каталонците имаат дадено 113 гола на 36 натпревари. Во текот на минатата сезона, на 53 средби под водство на тренерот Чави постигнаа 110 гола.
Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, ја коментираше и изјавата на Диего Симеоне дека Барса е најдобар тим во Ла Лига.
„Мислам дека има четири или пет многу добри тимови во Ла Лига, а ние сме еден од нив“, рече Флик.