Денешните пет меча во Квотите на денот во Sport Life носат одличен вкупен коефициент од 78.9 доколку се одиграат сите на еден тикет заедно.
Феенорд е домаќин на Лацио и тука опцијата е да се игра на голови. Двата тима да дадат барем по еден погодок и да има барем по еден гол во првото и второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.10.
Монако е домаќин на Црвена ѕвезда и тука домаќините се големи фаворити. Сепак, играта е да се верува во Црвено-белите и тоа дека ќе постигнат барем еден погодок на ова гостување, и тоа во второто полувреме. Квотата за Т21+ второ е 2.25.
Партизан треба да се радува против Словачко во меч на кој ќе има 2-4 гола за да биде успешно погоден коефициентот од 2.75. Вест хем е голем фаворит против ФЦСБ и тука квотата од 2.70 е за 2-2&2+.
Последниот меч во понудата е дуелот на „Олимпико“ меѓу Рома и Лудогорец, каде што Волчицата треба да има апсолутна доминација. Играта за квота од 2.25 е Т1 1-3 I & 1-3 II.