Овации за Хезоња, чудесна атмосфера во „Арена“ (Видео)

Екипата на Партизан го совлада Реал Мадрид со 104-90 пред повеќе од 20.000 гледачи во „Београдска Арена“. Она што е главна вест од овој кошаркарски натпревар се овациите од целата сала кон хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња кој настапува за Реал Мадрид. Очигледно навивачите и поддржувачите на Партизан не ја заборавиле неговата изјава од 2012 година, кога после светското младинско првенство изјави:

– „Партизан? Тоа е мојата најдрага екипа, подрага ми е дури и од Цибона. Таа атмосфера, навивачите, тоа е луда куќа! Најпознати се на Балканот по својата работа во младинските категории. Тоа би било добар потег, зошто да не? Не ме интересира кој што ќе мисли или дали ќе ми замерат.“

https://twitter.com/ahmatsilan1/status/1641937280095993857?s=20

На ваквиот пречек се заблагодари и Хезоња преку социјалните мрежи.

https://twitter.com/mariohezonja/status/1641915988156325896?s=20

- Оглас -

Најнови вести