Овации за Салах – Египќанецот погоди од корнер (видео)
Ремек - дело на Салах во квалификациите за Афричкиот куп

Ѕвездата на Египет, Мохамед Салах, одново ги покажа своите фудбалски квалитети. На квалификацискиот меч за Афричкиот куп против Есватини, на кој Египет славеше со 4-1, Салах постигна гол директно од корнер. Домаќините сите четири гола ги постигнаа во првите 45 минути од средбата, а последниот беше ремек – делото на Салах.