Овен: Ми течат лиги кога гледам како игра новиот фудбалер на Ливерпул

Колумбиецот Луис Дијаз синоќа против Лестер го одигра својот втор меч во дресот на Ливерпул, а легендата Мајкл Овен е воодушевен од изданието на новиот играч на Црвените.

„Ми течат лиги од тоа што го гледаме од него. Не дека направи нешто конкретно кое ќе те натера да мислиш ‘леле, какви шанси креираше’, но ми се допаѓа прегледот во неговата игра. Тој е брз, остар, притиска, не се плаши од противниците и ги минува со голема леснотија. Тој само неколку дена е во Ливерпул, а игра како да е во клубот со години“, рече некогашниот напаѓач на Ливерпул, а сега аналитичар, Овен.

- Оглас -

Најнови вести