„Не можам да разберам зошто микроземјите се вклучени во квалификации? Кога ја гледав Англија синоќа, си го поставував тоа прашање. Излегуваш на терен и победуваш со 10-0 во бесмислен меч. Треба нешто да се направи, ова е буквално губење време. Жал ми е за Сан Марино, тие не треба да бидат на терен против Англија. Сигурно не им е пријатно што ги губат сите натпревари”, смета Овен, кој се залага за најслабите селекции во Европа да играат некакви претквалификации, па ако заслужат, да играат против големите.