Марк Овермарс е главна фаца во европскиот фудбал во моментов, а Ајакс повторно има брилијантна генерација квалитетни и мошне млади фудбалери.
Гигантите веќе почнаа жестока битка за талентите на Ајакс, а Барселона и Арсенал имаат посебно силни адути во трката за Де Лихт, Нерес, Тадиќ, Зијех… бидејќи го имаа во своите редови Овермарс како играч.
Барса веќе го има капарисано 21-годишниот Френки де Јонг, иако долго се мислеше дали да го купи играчот од средниот ред поради високата цена.
Сега Каталонците бијат рововска битка за еден од најдобрите млади стопери на светот, Матајс де Лихт. Барселона неофицијално нуди 80 милиони евра за 19-годишното момче од познатата ајаксова школа на фудбал. Конкурент е Арсенал, клуб за кого играше Овермарс, па се фаќаат врски преку ред.
Интерес, и тоа огромен има и за 22-годишниот Нерес, Тадиќ е посебна приказна која блеска со сиот сјај и на 30-годишна возраст, а супер претстави прикажува и мароканското чудо Хаким Зијех. Тука се и Талјафико, кој има 26 години, потоа и 21-годишниот Ван де Бек…
За сите има интерес од големите клубови, па Овермарс ќе има слатки маки кого да продаде налето, а сепак да го задржи духот на Ајакс, што се врати со неговото доаѓање на една од челните позиции на клубот од Амстердам.