Фудбалската репрезентација на Македонија беше декласирана од Велс со 1-7 и ова не е најтешкиот пораз, но еден од најсрамните во нашата историја.
На досегашните 300 одиграни меча, се паметат некои од победите, ремијата кои сме ги славеле како победи, но, секако, во спортот има и болни порази. Овие 1-7 против Велс се веројатно најболниот и најсрамен пораз во последните 21 години. Во 2004 бевме шокирани од аутсајдерот Андора со 0-1, исто така во квалификации за СП.
Се покажува дека Македонија е многу поопасна кога ја отпишуваат и важи за аутсајдер отколку кога е фаворит или постои голем оптимизам за добар резултат.
Во полуфиналето од баражот за СП ќе бидеме аутсајдери против кого и да се паднеме на утрешната ждрепка, а можеби тоа е добро. Памтиме што направивме против Италија минатиот пат кога игравме полуфинале од мундијалски бараж.

