Женската ракометна репрезентација на Македонија од 18 часот во „Борис Трајковски“ го игра вториот меч на Европското првенство. Денешен ривал ни е Холандија, која во првото коло извојува минимална победа над Романија.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на стартот беа поразени од актуелниот светски шампион Франција со 14-24, а според квотите во Sport Life, и денеска ни се заканува слично сценарио. Хендикеп границата е 10.5 голови.
Но, тремата беше разбиена против Франција, сега девојките имаат искуство плус, а и Холандија не блескаше против Романија.
Имате опции да се обложите и на вкупно голови на мечот, број на голови во прво полувреме, дали ќе има парен или непарен број голови, колку голови ќе даде Македонија, колку Холандија, комбинација на конечен тип со вкупен број на голови, итн.
Можеби Холанѓанките се огромни фаворитки на хартија и ќе победат, но македонскиот тим кој по цела деценија пак е на ЕП, заслужува максимална поддршка од публиката поради односот кон дресот со националниот грб.