Овие факти за финалето во ЛШ не сте ги знаеле

Манчестер сити и Челзи се екипи кои многу добро се познаваат и во текот на последниве години одиграа неколку десетици натпревари. Речиси и да нема тајни околу играта и двата тренери многу добро го имаат простудирано противникот. Еден момент, може да реши кој ќе биде на тронот на Европа.

Тоа што е помалку познато, а треба да го знаете за финалето од ЛШ ви го пренесуваме во неколку точки:

  • Манчестер сити ќе го игра првото европско финале по пауза од 51 година. Последен пат играа во финале организирано од УЕФА во 1070 година. Со победа од 2:1 против полскиот Горник Забрже стигнаа до трофејот во Купот на куп победниците.
  • Трофејот во ЛШ е висок 73,5 сантиметри и е тежок 7,5 килограми, што е приближно на тежината на кугла за куглање.
  • Јург Стаделман го има дизајнирано трофејот во 1967 година и за неговиот сегашен изглед потребни биле 340 часови работа.
  • Главниот судија на денешниот меч, Шпанецот Антонио Матеу Лахоз три пати му судел на Манчестер сити и има досудено три пенали против Граѓаните. Има поништено и еден погодок на Сити, а Пеп Гвардиола доби исклучување од овој арбитар, на полувремето од четвртфиналето против Ливерпул во 2018 година.
  • Томас Тухел е првиот тренер во ЛШ што успеал две години да игра во финалето на ЛШ со два различни клуба. Лани беше во финалето со Пари Сен Жермен, но загуби од Баерн Минхен. Сега Тухел има втора шанса за историски успех.
  • Челзи врати 800 билети на УЕФА кои останаа непродадени. На стадионот „Драгао“ во Порто, вечерва ќе има 16.500 гледачи.
  • Откако во летото 2017 година Бернардо Силва си замина од Монако, фудбалерот нема ниту еден пораз во 26 средби во ЛШ.
  • Ова е трето финале на кое ќе играат две англиски екипи. Првиот пат во 2008 година Манчестер јунајтед го победи Челзи на пенали, а пред две години Ливерпул со 2:0 славеше над Тотенхем.
  • Сити е деветиот англиски клуб кој стигна во финалето на елитното натпреварување на УЕФА.
  • Додека Тухел бил тренер во Мајнц, три пати бил на вечера со Гвардиола кој тогаш ја предводеше Барселона. За време на вечерите, Гвардиола ги користел солот, биберот и чашите за да му покаже некоја формација на Тухел.
- Оглас -

Најнови вести