Овие навивачи покажаа како се сака и како се спасува клуб, собраа 27 милиони евра и го купија стадионот

За фудбалските навивачи често се вели дека се 12-ти играч на своите клубови. Тие се обидуваат да помогнат за секаков начин за да ја покажат љубовта кон омилениот тим. Сепак, има фанови кои се посебни, а такви се тие на Сент Паули.

Навивачите на бундеслигашот собраа над 27 милиони евра и купија акции на стадионот „Милернтор“, кој има капацитет од 29.546 седишта.

Тоа беше начин клубот со еден од најмалите буџети во Бундеслигата да ја надмине големата криза, а секој навивач потроши точно 850 евра за да купи дел од стадионот. Од тоа 100 евра отидоа на такси и придонеси, а секое купување го внесуваше клиентот во наградната вечера со капитенот на тимот Џексон Ирвин, ВИП пакети, потпишани дресови и друго.

Сега кога навивачите станаа мнозински сопственици на стадионот, клубот наскоро ќе може да ги намали финансиските обврски и парите да ги насочи кон други деловни сегменти.

„Ваквата кампања ќе отвори нови можности за Сент Паули. Со стекнувањето на мнозинскиот удел на стадионот, клубот ќе ги намали финансиските обврски многу побрзо од планираното“, изјави комерцијалниот директор Вилкен Енгелбрахт.

Сент Паули минатата сезона повторно се промовираше во Бундеслигата како шампиони во втората лига. Тимот во моментов е на три бода од зоната за испаѓање со уште седум кола во елитното ниво на германскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести