Овие пет фаворити мора да победат и може да ви донесат „добитна седмица“

Среда секогаш бил ден богат со фудбалски возбудувања. Вечерва се играат дуели од италијанската Серија А, шпанската Примера, англискиот Лига куп, како и многу други интересни мечеви. Од сите натпревари, има шест големи фаворити кои се издвојуваат и треба лесно да стигнат до победите.

Барселона го загуби дербито од Реал Мадрид и сега мора да се вади на гости кај Рајо Вајекано. Каталонскиот гигант нема друг избор освен победа, посебно ако се знае дека се „ниша“ тренерското место на Роналд Куман. Неверојатно делува, но Барселона има дури 14 победи по ред со овој ривал, па вечерва едноставно мора да стигне до нов триумф.

Реал Мадрид на последните 12 пати кога бил домаќин на Осасуна, Кралскиот клуб секогаш победувал. Тимот на Карло Анчелоти треба да влезе во победнички ритам, а гостинот од Памплона е идеален противник за такво нешто.

Интер гостува кај Емполи, а тоа е еден од омилените противници на Нераѕурите. Традицијата вели дека Интер победил на последните седум меѓусебни дуели, а ако се погледнат резултатите на последните 14 натпревари на овие два тима, билансот е 13 триумфи на Интер и само едно реми. Едноставно, тука „двојката“ треба треба да е загарантирана.

Со девет победи и две нерешени во последните 11 меѓусебни дуели, Јувентус едноставно без проблем треба да го победи Сасуоло и вечерва. Старата дама веќе има двоцифрено заостанување зад лидерот Милан и едноставно веќе нема простор за уште „распродавање на бодовите“.

Ливерпул гостува кај Престон, во меч од осминафиналето од Лига купот. Јасно е дека Јирген Клоп нема да игра со најсилниот состав, но фактот дека Престон е во долниот дел од Чемпионшип, едноставно е најава за лесна победа на Ливерпул и пласман во четвртфиналето.

 

3004 Јувентус – Сасуоло                   1      1.47

3008 Емполи – Интер                          2      1.46

1305 Рајо Вајекано – Барселона      2      1.82

1307 Реал Мадрид – Осасуна           1      1.33

1108 Престон – Ливерпул                  2      1.35

———————————————————————————–

Вкупен коефициент                               7.01

 

- Оглас -

Најнови вести