Фудбалерите на Овиедо конечно се израдуваа на победа по заминувањето на Вељко Пауновиќ, откако денеска на домашен терен минимално ја совладаа Жирона со 1-0.
Херој на тимот од Астурија беше Ќаира, кој го постигна единствениот гол во 74-тата минута, додека голманот Ескандел се истакна со неколку клучни интервенции во самиот финиш и директно придонесе за трите бода.
Овиедо немаше почувствувано победа уште од 30-ти септември, кога славеше против Валенсија на гости, во периодот кога на клупата седеше Пауновиќ. Од тогаш следеа седум порази по ред, елиминација од Купот на кралот и пад на последното место на табелата со само 16 бодови.
Првото полувреме помина без поголеми возбудувања, но продолжението донесе далеку поофанзивна игра од страна на домаќините. Притисокот даде резултат во завршницата, кога Фернандес одлично проби по левата страна и му сервираше топка на Ќаира за решавачкиот погодок.
Жирона во завршницата тргна на сè или ништо, но Ескандел беше сигурен на голот. Најблиску до израмнување беше Аксел Витсел, кој по корнер со глава шутираше веднаш покрај дирекот.
Со оваа победа Овиедо ја задржа надежта за опстанок, додека Џирона останува на 11-тата позиција со 25 освоени бодови.

