Ајакс засега постигна пет гола на гостувањето кај Спортинг Лисабон, а четири погодоци се дело на 27-годишниот Себастиен Алер, фудбалер од Брегот на слоновата коска кој вечерва дебитира во Лигата на шампионите.
Досега во историјата на ЛШ само еднаш беше видено некој дебитант да постигне четири гола на својот прв меч, и тоа славниот Марко Ван Бастен во 1992 година, на меч помеѓу Милан и Гетеборг.