Луѓето задолжени за запишување на остварувањата во Гинисовата книга на рекорди, ќе имаат работа после голот кој падна на фудбалски натпревар во Малезија. Постигнат е гол од слободен удар и тоа со шут од над 50 метри. Треба да се провери дали некогаш во историјата на фудбалот е постигнал погодок од прекин од поголема оддалеченост од голот.
Голот падна во 93 минута, на средба од малезискиот куп помеѓу Паханг и Перак. Стрелец беше Херолд Марк Гулон. Јасно се гледа дека Гулон има намера да шутне директно во голот иако слободниот удар го изведе од 55-60 метри од противничкиот гол.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=15&v=3YMjcUH9mm4