Српскиот голман Предраг Рајковиќ, со четири одбранети пенали сезонава, е единствен чувар на мрежа во Топ 5 лигите во Европа, кој има толку фатени удари од белата точка. Рајковиќ кој брани за Ремс, ги фрустрира изведувачите на пенали во француското првенство. Единствен играч кој сезонава успеа да му даде гол од пенал беше Бен Једер од Монако.
Вечерва Рајковиќ му одбрани пенал на Александер Менди од Брест, и тоа при резултат 0-0. Потоа Ремс даде гол и на крај славеше со 1-0, па сега е петти на табелата.
Ако се знае дека Марко Дмитровиќ не е баш во најдобра форма во последно време, нема да биде изненадување ако српскиот селектор во баражот од Лигата на нации против Норвешка му даде предност на Рајковиќ.