Овојпат без инциденти, браќата Јокиќ се појавија во Мајами и добија свирежи (Видео)

Никола Јокиќ се врати на паркетот по четири пропуштени натпревари и беше предводник на Денвер нагетс во победата над Мајами хит од 120-111. Овој меч се чекаше со нетрпение и поради инцидентните ситуации кои се случуваа пред неполн месец кога играа овие два тима, а во главна улога беа браќата на Србинот.

Како што ветија, Страхиња и Немања беа присутни во Мајами да му дадат поддршка на братот, а кога влегуваа во сала добија свирежи од публиката.

Никола Јокиќ имаше 24 поени и 15 скока, со што придонесе Грутките да ја прекинат низата од шест порази по ред.

Браќа беа во центарот на вниманието и на дуелот на Чикаго и Шарлот. Таму еден против друг играа Ламело и Лонзо Бол.

Победи Булс со 133-119, а предводници на Биковите беа Вучевиќ и Дерозен со 30, односно 28 поени.

Партија на кариерата имаше и Јонас Валанчунас од Њу Орлеанс пеликанс, кој против Клиперс погоди седум тројки од осум обиди и заврши со 39 поени и 15 скока.  Литванецот е само четврти играч во историјата со над 35 поени и 15 скока на еден меч, а погодил и барем седум тројки.

Лука Дончиќ направи трипл-дабл, но неговиот Далас беше поразен.

По мечот во Мајами, браќата Јокиќ си честитаа за победата:

https://www.youtube.com/watch?v=etuE1E-pe-s

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести