3.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Овојпат овации за Ѓоковиќ во Грција, попопуларен е во Пиреа отколку во Атина (Видео)

Олимпијакос загуби дома од Монако до 87-92 во евролигашки меч кој беше збогатен со присуство на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во ложата на салата „Мир и пријателство“ во атинското предградие Пиреа беше српскиот тенисер кој овојпат доби овации од публиката, за разлика од синоќа кога беше исвиркан од фановите на Панатинаикос во Атина. Новак е навивач на Црвена ѕвезда чии поддржувачи се збратимени со тие на Олимпијакос, затоа беше и негодувањето синоќа кога се појави на евролигашки меч на Панатинаикос.

Ѓоковиќ најави дека ќе живее во Атина, почна почесто да го посетува главниот град на Грција каде го пресели и турнирот „Србија опен“ за кој има лиценца, а според односот на навивачите кон него, можеби подобро да најде дом во Пиреа отколку во срцето на Атина.

- Оглас -

Најнови вести