Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим стана само четвртиот играч роден 2000 година или помлад, кој ќе игра финале на еден Мастерс 1000 турнир.
Оже-Алијасим со многу среќа дојде до финалето во Мадрид, каде ќе се сретне со Андреј Рубљов. Во четвртфиналето, Оже воопшто не играше, Италијанецот Јаник Синер не се појави и се предаде пред мечот. Денеска во полуфиналето, Јиржи Лехецка се предаде поради повреда при 3-3 во првиот сет.
Лехецка во четвртфиналето играше само еден сет, неговиот ривал Данил Медведев се предаде, а денеска и Чехот не можеше да игра после само шест целосно одиграни гејмови од кои освои три и водеше со 30-15 во седмиот.