Озил без влакна на јазикот го критикуваше односот на Арсенал

Микел Артета, менаџерот на Арсенал, го изостави најплатениот играч во тимот Месут Озил од списокот за регистрирање фудбалери за претстојната сезона. Причината за заобиколување на ексиграчот на Реал Мадрид е поради ограничениот број странци, но Озил остро реагираше на одлуката.

„Крајно сум разочаран што не сум меѓу регистрираните играчи за претстојната сезона. Кога го потпишав новиот договор во 2018 година, ја потврдив мојата лојалност кон клубот, но жал ми е што тоа не ми е возвратено. Тоа ме натера да сфатам дека лојалноста е ретка во денешно време. Останав оптимистичен за мојата позиција во клубот и се надевав дека наскоро ќе се вратам на терените, затоа досега молчев. Пред да се случи пандемијата, односот со новиот тренер Микел Артета се подобри и работите тргнаа во нагорна линија, бев задоволен од моите настапи. Но одеднаш работите повторно се сменија и повеќе не ми е дозволено да играм за Арсенал. Лондон сè уште ми е дом, имам многу пријатели тука. Нема да дозволам мојата осма сезона во Арсенал да заврши на ваков начин. Ќе продолжам да работам напорно и да го заслужам моето место, во секоја прилика ќе се борам за моите права“, напиша Озил на „Твитер“.

Покрај тоа што за Озил немаше место во списокот од 25-мина фудбалери за Премиер лигата, поранешниот германски репрезентативец нема право на настап ниту во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести