Месут Озил ги критикуваше кинеските власти за состојбата на Ујгурите, кои се малцинство од турско потекло, претежно населени во регионот на Ксинџијанг, а Арсенал како клуб се огради од ставовите на својот фудбалер.
Озил бара од муслиманите во целиот свет да не молчат за состојбата во која се наоѓаат околу 10 милиони Ујгури во Ксинџијанг. Месут и претходно беше вплеткан во политички води, а неговата поддршка на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган не им легна баш најдобро на Германците, чиј државјанин е Озил.
„По објавата на Месут Озил на социјалните мрежи Арсенал се чувствува повикан да соопшти дека тоа се лични ставови на фудбалерот. Ние како клуб сме принципелно доследни на правилото да не ја мешаме политиката и спортот“. објавија топчиите.
Претходно и Ектор Белерин им создаде многу проблеми на лондончани со објава на порака против премиерот на Велика Британија Борис Џонсон пред изборите. Џонсон е лидер на Конзервативната партија која победи на изборите во земјата, но Арсенал не се огради од ставот на Белерин.