Шпанија буквално го посрамоти светскиот првак од 2014 година со шест гола во мрежата и голема победа во Лигата на нациите. Панцерите од Мундијалот во 1958 година не биле декласирани на ваков начин, кога загубија 3-6 од Франција, па јасно е дека Јоаким Лев ќе мора да трпи критики, а и да се плаши околу работата на селекторската позиција.
Еден од фудбалерите на кои Лев повеќе не смета, Месут Озил, кој беше отстранет од селекцијата по Мундијалот во Русија, испрати порака до селекторот дека е време да го повика Џером Боатенг, стоперот кој исто така повеќе не е дел од составот на Панцерите.
https://twitter.com/MesutOzil1088/status/1328819647035158534
Иако на оваа објава Озил беше нападнат на социјалните мрежи, со коментари дека Германија со Боатенг би примила повеќе од шест гола, Озил сака да потенцира дека искусниот дефанзивец на Баерн Минхен е далеку поквалитетен од одбранбените играчи со кои моментално располага Лев.