Месут Озил повторно ќе игра фудбал и од јануари ќе се пресели во Фенербахче, објавија турските медиуми. Ваквата најава доаѓа по изјавата на Мурат Зорлу, член на раководството на турскиот гигант.
Трансферот треба да се случи за еден месец, односно во зимскиот преоден рок, па Озил, кој има 32 години ќе биде солидно засилување за најтрофејниот турски клуб.
Фенербахче има рекордни 28 титули во Турција, по долг период најавува битка за нов пехар, а Озил ќе ја зссили конкуренцијата.
Екс-германскиот репрезентативец би се вратил во земјата од која потекнува и каде е омилен, што би му донело корист и на Фенербахче.
Ќар ќе биде и Арсенал, клуб за кој Озил не игра долго време, но влече 350 илјади фунти неделна плата, највисока кај Топчиите.
Клубот од Лондон нема да добие отштета, а ќе спаси околу 10 милиони евра што треба да му ги исплати на Озил, ако тој остане во Арсенал до крајот на договорот што му завршува во јуни идната година.