33.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Озил нападнат со нож, Колашинац го бранеше соиграчот од Арсенал (Фото)

Сеад Колашинац им се спротивстави на двајца насилници на моторцикл кои го нападнаа неговиот соиграч од Арсенал, Месут Озил и предизвикаа сериозен инцидент, за среќа без сериозни последици.

Озил и Колашинац беа во автомобилот „мерцедес“, а при обидот на Озил да се паркира, беа нападнати од хулиганите во Северен Лондон.

Едниот од нив имаше и нож во раката, но по отпорот што им го пружи Колашинац, побегнаа.

Случајот е пријавен во полиција, а напаѓачите се непознати.

- Оглас -

Најнови вести