Фудбалскиот свет се „возбуди“ од најавата за можното воведување на синиот картон, што би значело 10-минутно „ладење“ за фудбалерите кои симулираат или негодуваат со одлуките на судиите.
Иако нема никаква официјална најава за воведување на син картон, сепак на социјалните мрежи се појавија низа коментари, а меѓу највпечатливите беше оној на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Месут Озил. Германецот со турско потекло не пропушти шанса да го пецне големиот ривал од времето кога настапуваше за Кралевите.
„Значи Атлетико Мадрид сега ќе игра со шестмина фудбалери?“, гласеше коментарот на Месут Озил.