Озил од јануари не е играч на Арсенал, но Топчиите неделно уште му плаќаат вистинско богатство!

Арсенал со месеци се обидуваше да најде начин како да се ослободи од Месут Озил. Поранешниот германски репрезентативец беше играчот со најголема плата, а повеќе од една година воопшто не играше.

Топчиите во јануари конечно успеаја да се „ослободат“ од Озил, но во договорот за раскинување стоеше клаузула дека Арсенал мора да му ја исплати платата на фудбалерот до крајот на сезоната. Иако Озил потпиша за Фенербахче и го облече дресот на турскиот гигант, тој и понатаму е на платниот список на Арсенал.

Според договорот, Озил неделно заработува по 350.000 фунти само од договорот со Арсенал. Според пресметките, Озил откако си замина од Арсенал, вкупно ќе заработи неверојатна сума од 7.38 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести