Озил продолжи да го дере Арсенал, си доби огромен бонус за лојалност

Арсенал не може да куртули од Месут Озил и мораше да му исплати 10 милиони евра бонус минатиот месец за лојалност, според важечкиот договор што го има со германскиот интернациналец.

Озил воопшто не игра за популарните Топчии, одби и понуда од Ал Наср вредна 5 милиони фунти и продолжи да го „дере“ Арсенал.

Месут пристигна во Лондон во 2013 година од Реал Мадрид за сума од 50 милиони евра за петгодишен договор и тогаш беше најскапиот германски фудбалер во историјата.

Во јануари 2018 година го продолжи договорот со Топчиите за рекордна неделна плата од 350 илјади фунти и уште еден мудар потег.

Во новиот тригодишен договор постои и клаузула за исплата на бонус за лојалност, ако Озил до 2021 година не ја примени средината и остане во Арсенал.

Во меѓувреме Месут е далеку од првиот тим и не игра, а Арсенал се обидува да го симне огромниот финансиски товар со плаќањето на над 20 милиони евра годишно за фудбалер што воопшто и не конкурира за настап во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести