Месут Озил, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, го испофали својот сонародник Антонио Ридигер, кој сега игра за Реал и сезонава командува со одбраната.
Ридигер синоќа даде и гол за минимална победа на Кралскиот клуб против Мајорка, па Озил не ја пропушти приликата да му даде комплименти.
„Тони Ридигер е најдобар дефанзивец на светот во моментов. Има неверојатна сезона во Реал. Прашајте ги Халанд и Осимен колку е добар. Погледнете што се случува со Челзи по заминувањето на Ридигер, многу им фали неговиот менталитет“, порача Озил.