Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Арсенал, а сега член на Фенербахче, Месут Озил, изрази желба да играе во индонезиската Лига 1 и тоа за клубот Бали јунајтед, затоа што многу му се допаѓа убавото време и туристички познатиот остров Бали.
„Уште сум под договор со Фенербахче, среќен сум таму. Но, ако имам можност да заиграм во Индонезија, тоа ќе биде во Бали јунајтед. Времето е убаво, и островот е прекрасен“ – изјави Озил пред новинарите во Џакарта, каде рекламираше еден локален бренд.
Озил даде своја прогноза и за финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
„Двата тима имаат одлична сезона, но срцето и поддршката ми се за Реал Мадрид“ – рече Озил.