Озил во Арсенал како Бејл во Реал, ќе си седи таму иако „не го играат“

Турско-германскиот фудбалер Месут Озил тврди дека нема намера да си замине од лондонскиот Арсенал пред завршувањето на договорот со Топчиите на крајот на јуни 2021 година. Озил не е во прв план кај тренерот Микел Артета, но има огромна плата, па Арсенал бара начин како да се „откачи“ од него.

Многумина велат дека Озил тргнал по стапките на Герет Бејл, кому не му пречи многу што не игра бидејќи зема огромна плата од Реал Мадрид. Сепак, има една разлика, Озил најавува дека ќе се бори за место во тимот, додека на Бејл поважен му е голфот и не делува дека се бори со помладите колеги за место на крилните позиции.

„Останувам во Арсенал до последниот ден на договорот и ќе дадам максимум за клубот. Сум докажал во минатото дека можам да се вратам во првиот тим, пак ќе го направам тоа. Нема никој друг да одлучи кога ќе си одам. Јас сум тој што потпишал договор на четири години и јас сум тој што ќе реши кога ќе си заминам. Ситуацијата е тешка, ама го сакам Арсенал, го сакам Лондон, уживам тука“, вели Озил кој сезонава на 23 меча даде еден гол, а имаше и три асистенции, но во вториот дел од сезоната не влезе во игра.

- Оглас -

Најнови вести