Озил збесна и ја фрли јакната, но кон кого? (видео)

Вистинска рекост е за Месут Озил на ваков начин да покаже дека е лут, ваков испад претходно не му се случило на Германецот. Откако беше заменет во 74-тата минута во поразот од Евертон (1-0), фрустрираниот Озил одбра погрешен начин да го искаже својот револт.

Но, за кого беше фрлената јакна? На социјалните мрежи се води дебата околу оваа ситуација, едни велат дека Озил на тој начин му се налутил на Унаи Емери што не му дозволи до крај да им помогне на „топчиите“ да се спасат од пораз на „Гудисон парк“.

Другите, пак, сметаат дека јакната била наменета за менаџерот на Евертон, Марко Силва, кој бурно реагираше при еден старт во кој се судрија Мустафи и Калверт-Луин.

Како и да е, во вакво издание не сме го виделе Озил, кој очигледно беше незадоволен со напуштањето на теренот, а воедно и поразот.

https://www.youtube.com/watch?v=CaTf80c0s4I

- Оглас -

Најнови вести