Ерлинг Халанд продолжи онаму каде што застана пред два месеци, со решетање на противничките мрежи. Норвешката сензација го постигна првиот гол во Бундеслигата по продолжувањето на сезоната, а Дортмунд по нешто повеќе од половина час игра стигна до предност во дербито против Шалке.
За Халанд ова е 10-ти погодок на девет настапи во германскиот шампионат, а со голот потврди дека паузата воопшто не влијаела на неговата желба да реализира.
https://twitter.com/RainingGoals/status/1261658432597188613
Во меѓувреме гол се постигна на „Ред бул арена“, каде што Фрајбург преку Гулде во 34-тата минута го изненади фаворизираниот Лајпциг.