Со погодокот на Лионел Меси, Барселона го совлада Леванте со 1-0 и ја освои 26-тата шампионска титула во Шпанија. Каталонците од вечерва и официјално се старо-нови шампиони, на три кола до крајот имаат 9 бода предност во однос на Атлетико Мадрид.
Таличниот Аргентинец ја затресе мрежата на гостите по еден час игра, а повеќе од 91.000 гледачи на „Камп ноу“ се радуваа заедно со Меси за голот кој одлучи титулата да остане во Каталонија. За Барселона ова е осма титула во последните 11 години, фудбалерите на Ернесто Валверде ја потврдија доминацијата во Шпанија.
Меси воедно го постигна 34-от гол во првенството, а исто така ја слави и 10-тата титула во својата кариера.
https://www.dailymotion.com/video/x76shzf