Не можеше подобро за Џани – Лидс е гостин на „Енфилд роуд“ на премиерата во Премиер лигата (Фото)

Езџан Алиоски и Лидс ќе имаат убава авантура во премиерното коло во новата сезона во Премиер лигата, а како нови прволигаши ќе се претстават на легендарниот „Енфилд роуд“ против Ливерпул на 12 септември.

Настап пред бучниот коп составен од фановите на Ливерпул, кој е легендарен и познат ширум планетата, е посебен предизвик за сите фудбалери, а Алиоски ќе има можност да настапи против актуелниот првак веќе во првото коло.

Внимание предизвикува и мечот меѓу Фулам и Арсенал, што ќе се игра истиот ден, а познато е дека е градско дерби на Лондон.

Поради одлуката на ФА да им даде подолг одмор на Манчестер сити и Манчестер јунајтед по долгото европско лето, подоцна ќе се играат дуелите меѓу Сити и Астон вила и Барнли против Јунајтед.

Двојки, прво коло:

сабота, 12. септември: Ливерпул – Лидс, Фулам – Арсенал, Тотенхем – Евертон, ВБА – Лестер, Вест Хем – Њукасл.

понеделник, 14. септември: Брајтон – Челзи, Шефилд јунајтед – Вулверхемптон.  

- Оглас -

Најнови вести