Нова магија во најава – Вардар подготвува бум со светска класа ракометари и нов дрим-тим за европска титула

Вардар подготвува нов ракометен бум и дрим-тим за поход на нова европска круна се дел од шпекулациите кои сè позачестено се споменуваат во скопските кулоари.

Реалност или сон, ќе се знае наскоро, најавено е најдоцна до јуни, а според најавите, „црвено-црните“ ќе имаат нов моќен спонзор кој ќе објави офанзива на нова, трета европска круна.

Шпекулациите се дека веќе се исплатени сите долгови кон ракометарите, а се најавува вистински бум што ќе ги згрее срцата на вардарци и ќе им најави нови возбудувања во мечевите со европските гиганти во Лигата на шампионите.

Најавено е дека Вардар ќе се обиде да ангажира ракометари од светска класа, а се споменуваат имињата на германскиот репрезентативен голман Андреас Волф, на бронзениот Словенец од СП во Франција 2017, Миха Зарабец, Мандалиниќ, Степанчиќ, камбек на иконата Игор Карачиќ и уште неколку познати ракометари.

- Оглас -

Најнови вести