На пат се да испаднат во трета лига, а може да играат во групната фаза од Лигата на Европа

Некогашниот четирикратен германски првак, екипата на Кајзерслаутерн е со измешани емоции во финишот на сезоната. Кајзерслаутерн е на претпоследното место во Цвајте (Втора Бундеслига) и е во опасност да испадне во трета лига.

Кајзерслаутерн денеска ќе го игра еден од најважните мечеви за опстанок. На свој терен го пречекува Вехен кој е во сигурната зона, но има само два бода повеќе. Ако Кајзерслаутерн победи, ќе избега од зоната за испаѓање.

Ако домаќините не победат, ќе бидат чекор поблиску до испаѓање, но дури и да се случи најлошото, Кајзерслаутерн уште има шанси да игра дури во групната фаза од Лигата на Европа. Тоа е така затоа што овој второлигаш обезбеди место во финалето на Купот на Германија, каде за ривал го има Баер Леверкузен.

Факт е дека Баер Леверкузен е голем фаворит за триумф, но ако се случи Кајзерспаутерн да стигне до трофејот на 25 мај, тоа ќе значи излез во Европа, па дури и да испадне во трета лига.

- Оглас -

Најнови вести