Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо, имал срцев удар, потврдија од Кралскиот клуб.
Ласо кој има 54 години, утрово бил примен во болница, и неговата состојба е стабилна. Ласо веќе 11 години е на кормилото на Реал, со кој освои две титули во Евролигата и пет титули во шпанската лига.
Ова се случува пред гостувањето на Реал против Басконија во родниот град на Ласо, Виторија. Реал води со 2-0 против Басконија во полуфиналето на плејофот, па на третиот меч екипата ќе ја води помошникот на Ласо, Чус Матео.