Пачука приреди сензација во Интерконтиненталниот куп, го растури Ботафого (Видео)

Мексиканскиот тим Пачука, кој е првак на КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка), е изненадувачки полуфиналист на Интерконтиненталниот куп откако во четвртфиналето го совлада јужноамериканскиот првак Ботафого со убедливи 3-0.

Пачука е 16-то пласиран тим во мексиканската лига, беше аутсајдер против Ботафого, но на теренот во Доха беа подобри од фаворитот и за три дена ќе играат полуфинале против африканскиот првак Ал-Ахли од Египет. Победникот од тој меч, на 18-ти декември во финалето ќе му се спротивстави на европскиот шампион Реал Мадрид.

Голот за водство од 1-0 на Пачука беше вистинска мајсторија:

- Оглас -

Најнови вести