Голема спортска трагедија се случи во Иран во која загинаа 20 одбојкарки и еден тренер, а околу 100 луѓе се повредени во нападот врз една спортска сала во јужниот дел од земјата која е под опсада.
„Дваесет одбојкарки беа убиени во израелски напад врз спортска сала во градот Ламерд, во покраината Фарс“, објави каналот.
Израел е обвинет за нападот врз спортската сала во градот Ламерд, при што првично загинаа повеќе од 15 лица, вклучувајќи деца кои биле во салата во тој момент.
По ова злосторство следуваше и реакција од Светската одбојкарска федерација, осудувајќи го убиството на младите одбојкарки.
„Шокирани сме и крајно загрижени од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран ги загубија животите поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и поширокиот регион. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите оние кои се погодени од оваа криза во развој“, се вели во соопштението.
Volleyball World Shocked as Iran Missile Attack Kills Athletes https://t.co/oGL9NlfG9s pic.twitter.com/NCrXJsGvZz
— Greek City Times (@greekcitytimes) March 2, 2026

