Падна договор – Баерн и Јувентус најдоа заеднички јазик, Де Лихт се сели во Минхен

Матајс Де Лихт ќе биде нов фудбалер на Баерн Минхен, објави германски „Спорт1“, откако доби зелено светло за трансфер од Јувентус.

Холандскиот репрезентативец мина три сезони во редовите на Старата дама и играше прескромно, откако како големо засилување пристигна од Ајакс во 2019 година.

Де Лихт има 22 години и го сметаат за еден од најдобрите стопери на планетата, но тоа не го потврди со настапите за Јувентус.

Имаше премногу киксови во мината сезона и не се снајде добро во редовите на Старата дама.

За Јувентус потпиша петгодишен договор за сума од 75 милиони евра, плус бонуси од 10.5 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести