Повеќе нема дилеми, управата на Баерн Минхен конечно ја заврши потрагата по тренер за следната сезона и го избра Венсан Компани.
Според новинарот кој е експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, работата е завршена, Баерн одамна се договори со Компани, а денеска најде заеднички јазик и со Барнли за отштетата.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1794336011188949308
Баварците се согласија да му платат 12 милиони евра отштета на Барнли, а Компани ќе потпише тригодишен договор со германскиот гигант.
Компани во досегашната тренерска кариера ги предводеше Андерлехт и Барнли. Минатата година со Барнли обезбеди пласман во Премиер лигата, а оваа сезона испадна од најсилната англиска лига.