Падна договор: Ханси Флик ќе биде нов тренер на Барселона

Поранешниот селектор на Германија и тренер на Баерн Минхен кој и го нанесе историскиот пораз на Барселона во ЛШ (8:2), Ханси Флик, од следната сезона ќе седи на клупата на каталонскиот тим, објави радио Каталонија.

Според радиото, делегација на Барселона предводена од претседателот Жоан Лапорта отпатувала во Лондон на средба со Флик, а епилогот е денешната информација Германецот од следната сезона ќе го предводи каталонскиот клуб.

Оваа вест ја потврди и германскиот новинар Флоријан Плетенберг кој на својот профил на „Икс“, објави дека е постигнат усен договор.

На состанокот во Лондон, Флик им го претставил својот план на челниците на Барселона кој му се допаднал на Лапорта, кој беше најголем заговорник за ангажирање на Германецот.

Ханси Флик имаше далеку подобра финансиска понуда од Челси, но експресно ја одби поради Барселона.

- Оглас -

Најнови вести