Англискиот фудбалер од средниот ред и досегашен капитен на Челзи, Конор Галагер, ќе стане нов фудбалер на Атлетико Мадрид.
Атлетико ќе плати 40.000.000 евра за трансферот и се очекува наскоро да биде потврден.
Имаше разговори со Челзи за обновување на соработката, но исто така му беше соопштено и дека новиот менаџер Енцо Мареска го гледа како фудбалер од ротацијата на тимот, кој би морал на одредени натпревари да седи и на клупата за резерви.
Конор Галагер прифати да му се придружи на тимот на Диего Симеоне и да потпише за Атлетико Мадрид.