НБА лигата и Унијата на кошаркари објавија заедничко соопштение, во кое ја известија јавноста дека натпреварите од плејофот продолжуваат утре, на 29-ти август. Тридневниот прекин почна завчера, кога екипите на Милвоки бакс и Орландо меџик не го одиграат својот меч, во знак на протест за насилството над Џејкоб Блејк, кој беше застрелан од полицијата во Висконсин, сојузната држава во која се наоѓа Милвоки.
НБА и играчите ќе се борат против расизмот во САД на разни начини, но решија да ја доиграат сезоната во интерес на публиката и парите кои се во игра. Не се објавени сатници и по кој распоред ќе се игра, а одлуката да се доигра беше донесена синоќа.