Падна договор: Премиер лига ќе се игра и за време на празниците!

Англиските премиерлигаши одлучија да нема прекин на сезоната за време на празниците и мечевите да се играат како што беше планирано со календарот. Иако корона-вирусот коси во Велика Британија и веќе се одложени шест меча, клубовите сакаат да се игра.

Ова значи дека ќе се играат мечеви и за Нова година и на популарниот Боксинг деј (26 декември, еден ден по католички Божик), и нема да се одложи 20-тото коло кое треба да почне на 28 декември.

Клубовите се договориле дека може да се одложи меч само ако во еден од тимовите има помалку од 13-мина играчи здрави плус голман.

Ќе има разговори за ФА купот да не се играат нови мечеви ако некој дуел заврши нерешено во трето или четврто коло, а и во Лига купот полуфиналињата да не се играат во два, туку во еден меч.

- Оглас -

Најнови вести