Падна договор: Вилијан три години во Арсенал

Арсенал во секој момент треба да го официјализира ангажманот на Вилијан Боргес од Челзи. Искусното бразилско крило пристигнува како слободен играч откако му истече соработката со Сините, а на „Емирати“ го чека тригодишен договор со шест милиони фунти плата по сезона.

Вилијан цели седум години мина во редовите на Челзи, чиј дрес го носеше со голем успех, а сега среќата ќе си ја бара во редовите на градскиот ривал од северниот дел на Лондон. Во договорот на Вилијан исто така ќе стои опција за негово продолжување на една дополнителна сезона.

Вилијан ќе му се придружи на сонародникот Давид Луис, кој во Арсенал пристигна минатото лето исто така напуштајќи го тимот на Челзи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести