Падна договор: Во Мадрид доаѓа Французин од 100 милиони евра

Европскиот и шпански првак Реал Мадрид ќе го скрши мразот со првиот 100-милионски трансфер за ова лето, откако Кралевите постигнаа договор со Монако за Орелијан Чуамени.

Информацијата ја потврдија повеќе странски медиуми, а францускиот репрезентативец наскоро ќе пристигне во Мадрид и ќе биде второ засилување по ангажманот на Тони Рудигер. Чуамени со свои 22 години прави голем чекор во кариерата, но пред него ќе биде огромен предизвик да се наметне во веќе врвниот среден ред со кој располага Анчелоти.

Личните услови веќе се договорени, Чуамени од претходно се согласи на петгодишен договор и воопшто не размислуваше за друг клуб, иако интерес постоеше и од ПСЖ. Останува да се комплетираат административните обврски, како и медицинскиот преглед пред Чуамени и официјално да биде претставен како нов Галактико.

- Оглас -

Најнови вести