По синоќешниот пораз на Наполи од Интер, во најдобро рангираните 20 фудбалски лиги во Европа останаа само две непоразени екипи, тоа се Црвена ѕвезда и Панатинаикос.
Српскиот првак во досега одиграните 19 меча во лигата има 17 победи и две ремија, додека Панатинаикос во грчката лига има 13 победи и три нерешени игри во 16 меча.
В недела ПАО има гостување кај градскиот ривал АЕК, кој е втор на табелата, па лесно може да се случи Ѕвезда, која нема да игра до крајот на јануари, за некој ден да остане единствена без пораз.