Од денеска нема непобедливи во македонскиот фудбал, а и Вардар го доживеа првиот пораз во новата сезона, и тоа клучен за елиминација во националниот куп.
Македонија Ѓорче Петров го победи најтрофејниот клуб со 2-1 во реванш-дуелот денеска и со вкупен резултат од 3-2 се пласира во четврт-финалето.
Домаќините двапати водеа, со 1-0 и 2-1 со головите на Христијан Кировски и на крајот успеаја да ја задржат предноста и да се пласираат меѓу осумтте најдобри во Купот. Голот за Вардар го постигна Талески.
Многу полесно и очекувано бранителот на трофејот Шкендија ја продолжи битката за третата круна во серија на Купот. Тетовци со 5-0 славеа во Пехчево, против Кит-Го и со вкупен резултат од 7-0 се пласираа во следната рунда.
Во битката за трофејот се и Кораб, Академија Пандев, Беласица, Победа, Работнички и Силекс.
Резултати, реванш натпревари:
Македонија Ѓ.П. – Вардар 2-1 (вкупен резултат 3-2)
Кит Го – Шкендија 0-5 (0-7)
Беласица – Пелистер 3-1 (5-1)
Академија Пандев – Брегалница 0-1 (6-3)
Победа – Гостивар 4-1 (6-2)
Работнички – Тиквеш 1-1 (2-1)
Силекс – Скопје 2-1 (4-1)
Кораб беше слободен.