Руската инвазија која неколку дена трае врз Украина ја донесе и првата жртва-спортист. Младиот 21-годишен фудбалер на Карпати Лвив, Витали Сапило загина во борбите кои украинските сили ги воделе со Русите, во близина на Киев.
Витали не е познат во светот на фудбалот, но неговото име ќе се памти како момчето кое сакало да ги оствари спортските соништа, но крвавата војна тоа го спречи.
„Загина бранејќи го нашиот главен град, кој сакаат да го окупираат Русите“, стои во соопштенето на клубот од Карпати, кој се натпреварува во втората украинска лига.